Пелистер титулата му ја посветија на починатиот Ацо Јовиќ
Еурофарм Пелистер во драматична сезона успеа да ја одбрани титулата шампион на Македонија. Во последното коло „зелено-белите“ среде Скопје го совладаа Вардар, а тоа беше доволно за ново славје и шампионски трофеј.
За битолскиот клуб ова беше трет титула во низа во Суперлигата, а сè започна во сезоната 2022/23, кога не чело на тимот беше Александар Јовиќ, кој пред неколку месеци ненадејно почина.
Пелистерци не го забораваат неговиот придонес во клубот и оваа титула му ја посветија токму нему.
Бојан Стерјев, синот на претседателот на Еурофарм Пелистер и браќата Петар и Павле Атанасијевиќ на социјалните мрежи објавија фотографија со шампионскиот трофеј на која пишува „Ова е за тебе“.