Филипче од Атина за македонската власт: Имаме десничарска авторитарна влада која не сака да ја придвижи Македонија кон ЕУ

2

„Важно за Договорот од Преспа е што е прв договор во последните декади постигнат меѓу две земји. Во минатото овие видови на проблеми беа решавани од други моќни сили, од други моќни земји и на други начини. Тоа е добар пример кога две соседни земји ќе можат да седнат заедно и ќе решат многу прашања“, рече Филипче на Втората меѓународна конференција во Атина во организација на Институтот „Алексис Ципрас“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Атина е и поранешниот премиер Зоран Заев кој заедно со домаќинот Алексис Ципрас, поранешниот грчки премиер ја доделија Преспа наградата за мир.

Документарниот филм „No Other Land“ што го прикажува уништувањето на палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, ја доби наградата за мир Преспа за 2025 година на Институтот „Алексис Ципрас“, а Палестинецот Басел Адра и Израелецот Јувал Абрахам наградата ја примија од Ципрас и Заев.

Публиката скандираш „Слобода за Палестина“, а режисерите им се заблагодарија и на присутните, и на организаторите за наградата.

Makedonski