Полицајците од ЕБР му покажаа на директорот на БЈБ како се апсат вооружени и опасни лица
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, на вежбата биле презентирани тактики и техники од доменот на јавниот ред и мир и полициски опрации во урбана средина, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и напад на возило и апсење на вооружени и опасни лица.
„Колегите прикажаа и докажаа умешност, вештини и подготвеност кои гарантираат дека ЕБР е и ќе биде една од алките кои го сочинуваат безбедносниот систем подготвен деноноќно да служи на граѓаните и нивната безбедност. Благодарност до командантот и останатите раководители во Единицата, до инструкторите и менторите, како и до раководството на Одделот за специјални полициски операции“, истакнал директорот Јанев.
Преку вежбата, додаваат, биле презентирани и акции на приод и влез во објект во кој се наоѓа криминална терористичка група, неутрализирање на истите, како и апсење на дел од групата, со користење на оклопни возила, беспилотно летало дрон, како и останати средства и опрема со кои располага Единицата.