Изет Меџити на самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Одеса: Силен став против руската агресија и поддршка за Украина

5

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше на самитот „Украина – Југоисточна Европа“, кој се одржа во Одеса, Украина. Настанот, отворен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, е дел од серија средби чија цел е јакнење на регионалната соработка и поддршка за Украина.

Самитот следи по претходните слични состаноци во Атина, Тирана и Дубровник и собра високи владини претставници од земјите на Југоисточна Европа. Главната фокусна точка беше заедничката заложба за безбедност, стабилност и солидарност со Украина во услови на воена агресија.

Во своето обраќање, вицепремиерот Меџити изрази благодарност за гостопримството на украинските власти и ја нагласи поддршката на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Обединети сме пред предизвиците кои го загрозуваат мирот, безбедноста и меѓународниот поредок. Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната“, рече Меџити.

Тој ја потенцираше и заложбата на Северна Македонија за продлабочување на регионалната соработка и градење на безбедна, мирољубива и демократска Европа.

На самитот во Дубровник во октомври минатата година учествуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Makedonski