Хамнеи вети „строга одмазда“ по израелските напади врз Иран
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, остро реагираше по серијата израелски воздушни напади врз нуклеарни и воени цели во земјата, ветувајќи „строга казна“ и одмазда врз Израел.
„Ционистичкиот режим изврши злосторство во нашата сакана земја со своите сатански, крвави раце“, напиша Хамнеи на социјалната мрежа X, обвинувајќи го Израел дека таргетирал и станбени области, покрај стратешките цели.
„Режимот треба да очекува строга казна. Со Божја милост, моќната рака на вооружените сили на Исламската Република нема да ги остави неказнети.
изјави Хамнеи.
Нападите, кои се случија во раните утрински часови, резултираа со загинување на неколку високи ирански воени команданти и искусни нуклеарни научници. Меѓу целите беа иранските постројки во Техеран, Натанс, Тебриз и Керманшах – главни локации поврзани со нуклеарната и ракетната програма на земјата.
Напнатоста меѓу двете држави нагло ескалира, додека меѓународната заедница со загриженост го следи развојот на настаните. Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека една од целите биле и објекти под нивен надзор и во моментов е во комуникација со иранските власти и инспекторите на терен.