Димитар Митровски потпиша за словенечкиот шампион Олимпија!
Македонскиот фудбалски репрезентативец Димитар Митровски од денеска и официјално е нов фудбалер на словенечкиот шампион Олимпија. Митровски кој сезоната ја заврши во екипата на Вараждин и тоа како еден од најдобрите фудбалери во хрватското првенство, утрово стави потпис на договор со Олимпија која ова лето ја очекуваат настапи во УЕФА Лигата на шампионите.
26-годишниот репрезентативец на Македонија постигна осум гола на 28 лигашки натпревари во сезоната 2024/25 и одигра значајна улога во историскиот квалификациски пат на Вараждин за Конференциската лига.