Драган против Ковачки

24

И Македонија си има свој синоним на оскаровското остварување „Крамер против Крамер“ само што Македонија ја имаа таа можност да ги живее филмовите, а како држава нема „морални“ услови за такви филмски остварувања кои со сигурност би ни донеле некаков Оскар затоа што располагаме со одлични сценарија кои ако ги гледа некој од страна сигурно ќе помисли дека ова се сцени наменети само за на филм.

Па така македонскиот „Крамер“ во улога на пратеник во Собранието на Македонија во 2023 година беше тргнал во поход кон регулирање на еден од најнерегулираните закони илити предлог-Закон хауевер.

Македонскиот „Крамер“ на 20.05.2023 беше дал ветување дека: „Ќе ги обештетиме Бранителите кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на Власт“.

Истиот „Крамер“ беше и најгласниот кандидат за пратеник во третата изборна единица кој не бираше ниту време ниту зборови (што јавно, што зад кулисите) да оцрнува, да сее семиња на омраза кон оние од другата страна, но тоа е сосем друга работа можеби и најневажната, ваквите „мелат“ веќе дваесет и кусур години, па никому ништо, навикнавме.

Е сега кога нели ВМРО-ДПМНЕ е на Власт, кога сите карти се отворени, кога Македонија може „гордо“ да крене глава и да каже дека „дојде живот после животот“ истиот „Крамер“ во однос на „неговото ветување, се поби себеси (во стилот на „пу пу не важи“) и кажа дека „не е потребно отварање на стари рани“.
Знаете, ваквите политички говорни авантури во најразвиените демократии завршуваат со оставки и политички пензии, само кај нас со брзината на светлината се заборава и се продолжува понатаму, небаре сме едни од најголемите верници, а христијански е да се простува па сигурно веќе македонската нација ем заборавила па и му простила на „Крамера“.

Толку од гордоста, толку од грижата за Бранителите, сега е време за трошење на кредитите, Македонија забрзано се гради, ете доказ е автопатот Кичево – Охрид, ја „бустаме“ економијата дури сме и меѓу првите 4 економии во регионот, што ќе Ви е „Крамер“ и закони за Бранители, како велат: „седете мирно може и полошо да биде“.

Ее да, како П.С. ќе заборавев…
Ако се сеќавате на ликот од минатото писание, феминистката де од „Ацо Караманов“, имала настап на „Астана форумот“ и повторно за „феминизмот“:
Време е за малку повеќе женско лидерство“.

Ах Трајко Трајко во очите на феминистката од „Ацо Караманов“.

 

Шифра: Лисицата

Makedonski