Хармонија под Шара: Фестивалот „ТЕХО“ и оваа година со богата и несекојдневна програма

82

Пишува: АнаМарија. Б

Тетово периодов незаслужено е скриено во сенката на своите проблеми. Покрај секојдневните рушења на се она што го прави градот под Шара автентичен, денеска сакаме да најавиме еден од најстарите културни настани во Тетово, а тоа е Меѓународниот хорски фестивал, Тетовски хорски одѕиви – „ТЕХО“.

Мала но хомогена група, која со огромна љубов се потруди да и оваа година Ви подготват програма која никого нема да остави рамнодушен. И покрај секојдневните политички предизвици низ целиот свет, ние сметаме дека музиката е таа која не обединува, која лечи и помага при решавање на секаков проблем.

Тетово ќе биде домаќин на повеќе од 500 хористи од Македонија и странство. Оваа година, покрај учесниците од Тетово, Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Гевгелија, како гости ги имаме пријателите од Р. Србија, Р. Албанија, Р. Бугарија како и од Косово. Оваа година исто така одбележуваме 100 години од раѓањето на македонските композитори Властимир Николоски и Кирил Македонски, како и 120 години од раѓањето на Стефан Гајдов, по тој повод секој хор учесник на годинешното 33то издание на фестивалот има задолжение да исполни по една композиција од плодното творештво на овие македонски композитори.

Ги покануваме сите добронамерници и љубители на хорската музика од 27-29 јуни 2025 година, да дојдат во Центарот за култура „Иљо Антески- Смок“ во Тетово и да посведочат на убавините кои ги нуди овој фестивал, ветуваме добра енергија и многу поразлична програма.

 

Makedonski