Иран го возвраќа ударот, погодени цели во Тел Авив и Ерусалим
Иран официјално потврди дека ја започнал операцијата „Праведно ветување 3“, во рамки на која вечерва извршил ракетен напад врз Израел, јави иранската агенција Тасним, блиска до Револуционерната гарда.
Според иранските извори, цел на нападот биле Министерството за одбрана и Министерството за безбедност во центарот на Тел Авив, а ракетни удари се регистрирани и во Ерусалим.
Израелската служба за итна помош соопшти дека во Рамат Ган, близу Тел Авив, се повредени седум лица, за среќа сите полесно.
Британскиот Гардијан пишува дека израелскиот ракетен штит „Железна купола“ не може да пресретне проектили испалени од далечини над 40 километри, па во моментот активна е ракетната одбрана „Стрела“, која служи за одбрана од балистички напади на голема далечина.