Кисела Вода доби ново спортско игралиште и детско катче во населбата 11 Октомври – Згради
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го промовираше новото мултифункционално спортско игралиште и детско катче во населбата 11 Октомври – Згради, сместени веднаш до трим патеката.
Поддршката и мотивацијата на младите да живеат здраво и активно секогаш е во нашиот фокус. Ова е инвестиција во здрави генерации.
изјави Ѓорѓиевски при отворањето.
Игралиштето е опремено со специјализиран полипропиленски под, каков што се користи и на Летните олимписки игри, нови кошеви, фудбалски голови и трибини, со што прераснува во современ спортски комплекс. Во близина е поставено и ново детско катче, што просторот го прави идеален за рекреација и семејно дружење.
Според локалната самоуправа, овој проект е дел од пошироката стратегија за вложување во младите и спортската инфраструктура, а летово ќе следуваат уште неколку слични инвестиции со цел промоција на здрав и активен животен стил.