Париз незапирлив, пораз на Олимпијакос во Пиреја

6

Кошаркарите на Париз го совладаа Олимпијакос со резултат 96:90 во натпревар од 14. коло на Евролигата.

Ова беше десетта последователна победа за тимот на Тијаго Сплитер, кој продолжува да го задржува првото место на табелата. Од друга страна, Олимпијакос, по победата над Монако, го претрпе својот петти пораз во сезоната.

Францускиот тим имаше контрола во поголемиот дел од натпреварот, но домаќините се вратија во последната четвртина, создавајќи неизвесен финиш.

Сепак, Париз уште еднаш ја потврди својата квалитетна и психолошки силна игра, освојувајќи ја својата 11-та победа во сезоната.

Најдобар кај гостите беше Ти Џеј Шортс со 21 поен, додека Надир Ифи постигна 17. Олимпијакос го предводеше Еван Фурние со 25 поени, а Саша Везенков додаде 18.

Во следното коло, Париз ќе гостува кај Асвел, додека Олимпијакос ќе игра против Црвена Звезда во Белград.

Во првиот натпревар од денот, Монако убедливо ја победи Алба со 100:80, што е нивна деветта победа во сезоната. За Монако, најпрецизен беше Виторио Браун со 17 поени, додека кај Алба, Дејвид Мекормак и Јаник Вецел постигнаа по 16 поени.

Резултати и распоред на 14. коло во Евролига:

Четврток:
Жалгирис – Ефес 85:72
Макаби Тел Авив – Барселона 86:88
Партизан – Панатинаикос 91:73
Бајерн Минхен – Басконија 94:80
Реал Мадрид – Фенербахче 70:82

Петок:
Монако – Алба 100:80
Олимпијакос – Париз 90:96
Виртус – Црвена звезда 87:94
Олимпија Милано – Асвел 92:84

Makedonski