СДСМ прашува колку докази исчезнале додека Тошковски и Јанев ги штителе приведените полицајците

5

Од СДСМ велат дека со месеци министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дирекоторот на Бирото за јавна безбедност Алкесандар Јанев ги штителе и ја лажеле јавноста дека нема никаква вина кај полициските службеници „кои се директно одговорни за пожарот“ во кој изгореа 62 деца а над 200 беа повредени.
„За тоа време се остави огромен простор истрагата да биде компромитирана, можно е да биле уништени важни докази. СДСМ прашува, колку докази исчезнаа во меѓувреме додека Тошковски и Јанев ги штитеа нивните полицајци и функционери? Ова е недозволиво однесување и мора да има целосна институционална, политичка и кривична одговорност. Кривична одговорност од Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност, кој ги поставил, им давал наредби. За да не влијае на истрагата и расчистување на случајот треба да си понесе оставка. Истото важи и за Панче Тошковски кој ја штитеше неговата структура во полицијата и тврдеше дека нема вина. Христијан Мицкоски пак ја злоупотребуваше трагедијата за политички напади, свесно лажеше, ги манипулираше родителите, јавноста, додека вистинските виновници од неговата власт беа заштитувани“, велат од СДСМ.
Според партијата, без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски  – нема правда за Кочани.
„А без правда, нема мир за родителите, за граѓаните и за државата. Јавноста мора да знае кој ја кочеше истрагата, кој ги штитеше виновните и кој учествуваше во прикривањето на една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија“, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.
Завчера во Кочани денеска се случија нови апсења во рамки на истрагата поврзана со неодамнешната несреќа во дискотеката Пулс во Кочани. Вкупно 13 лица се приведени, меѓу кои и повеќе полициски службеници кои биле на смена во критичниот период.
Makedonski