Инцидент во Велес: Маж нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата – се трага по него

6

На 13 јуни 2025 година, околу 18:00 часот, во СВР Велес бил пријавен тежок инцидент на улицата „Хаџи Косте“ во Велес. Според пријавата на Е.Х. (25) од Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У. (23), кој при нападот употребил метален предмет.

Дополнително, кога на местото на настанот пристигнала 27-годишната сопруга на пријавителот, С.У. упатил сериозни закани и кон неа.

Полицијата брзо реагирала и затекнала лице кое во рацете држело остри предмети. Иако му била дадена наредба да ги фрли, С.У. ја игнорирал наредбата, се движел кон полициските службеници со намерa да ги нападне, и упатувал закани. Во обид да го спречат, полицајците испукале прв предупредувачки куршум во воздух.

И покрај предупредувањето, осомничениот продолжил со агресивното однесување, па следел и втор предупредувачки куршум. Дури потоа, фрлил еден од предметите и се обидел да избега од местото на настанот.

Полицијата испукала уште два предупредувачки куршуми, додека С.У. во бегство го фрлил и вториот остар предмет. Двата предмети биле пронајдени и одземени како доказ.

За инцидентот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по лицето С.У. интензивно се трага.

Makedonski