Израел ги оправдува нападите врз Иран како превентивни, но ризикот од ескалација расте

5

Израел своите напади врз Иран ги класифицира како превентивни мерки, тврдејќи дека Иран бил на работ на производство на нуклеарно оружје, прекршувајќи ги своите меѓународни обврски, изјави за Al Jazeera, Роберт Хамилтон, шеф на евроазиски студии при Институтот за надворешна политичка анализа.

Проблемот е што сега Иран има дополнителен мотив со сета сила да се насочи кон развој на нуклеарно оружје, бидејќи искуството од изминатите години ги учи властите во Техеран дека единствениот начин да се спречат вакви напади е да се стане нуклеарна сила и да се закануваат со нуклеарен одговор,“ изјави Хамилтон.

Тој додаде дека моментално се наоѓаме во многу опасна спирала на ескалација, каде што Израел има мотив да продолжи со нападите сè додека не го уништи целосно иранскиот нуклеарен програм, а од иранска страна пак, мотивот е да се нанесе сериозна штета на Израел.

„На подолг рок, постои опасност дека Иран целосно ќе се убеди дека **единствена вистинска заштита му е развојот на нуклеарен арсенал,“ предупреди Хамилтон.

Makedonski