Жестока размена на оган помеѓу двете страни, експлозии во Ерусалим но и во Техеран
Во овие моменти сирените за воздушен напад свират на скоро цела територија на Израел.
Пред скоро два часа Израел го нападна Техеран при што беше погодено складиште со нафта на северот од градот. Во исто време иранските ракети погодуваа цели во Хаифа каде засега се пријавени пет потешко ранети.
Неофицијално се известува и за срушен авион на израелската авијација но нема потврда до овие моменти.
Сирени за ПВО се повторно активирани на територијата во и околу Тел Авив како и израелските градови долж границата со Јордан.