Српскиот тренер ги одби сите понуди во НБА поради Евролига
Поранешниот селектор на српската репрезентација, Игор Кокошков, ја отфрли понудата од НБА за враќање во Евролигата. Според информациите тој имал можност да биде дел од неколку професионални штабови во НБА, но одлучил да се врати во Евролигата.
Сепак, овој тренер од српско потекло имаше можност да остане во НБА бидејќи Чонси Билапс го сакаше во својот штаб во Портланд Треил Блејзерс. 53-годишникот ја отфрли таа, како и некои други непознати понуди, и по секоја цена одлучи да се пресели во Ефес.