Презентација на дигитална платформа „ONE STOP DIGITAL“ за микро, мали и средни препријатија
Во Стопанската комора денеска ќе се одржи презентација на дигиталната платформа за ММСП, „ONE STOP DIGITAL“, наменета за микро, мали и средни препријатија, како еден центар за информации и поедноставена комуникација, со што преку мобилна апликација овие компании ќе имаат брза достапност во дигитална форма на сите коморски услуги.
Дигиталната платформа со мобилна апликација е изработена со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во насока продолжување на економската транзиција на одржливи мали и средни претпријатија и развивање одржлива инфраструктура на деловни советодавни услуги.
Презентацијата ја организира Центарот за микро, мали и средни претпријатија при Стропанската комора.