Во израелски напад погодена иранската државна телевизија
Иранската државна телевизиска мрежа IRIB тврди дека била погодена во напад за кој го обвинува Израел, откако се случила експлозија во близина на нивното студио. Инцидентот се случил додека водителката Сахар Емами била во живо во програма на каналот „Khabar“, кога одненадеж се слушнала силна експлозија.
Неколку моменти по прекинот, емитувањето повторно било воспоставено, а иранската новинска агенција „Mehr“ јави дека Емами се вратила во студиото и продолжила со известувањето.
Нападот доаѓа по денешното предупредување од израелскиот министер за одбрана, Исраел Кац, кој изјавил:
Гласноговорникот на иранската пропаганда и поттикнување на омраза е на работ на исчезнување. Евакуацијата на жителите од околината е започната.“
Зградата на IRIB се наоѓа во подрачје за кое претходно беше најавена евакуација. И покрај нападот, емитувањето на телевизијата продолжи нормално.