Трамп повика на итна евакуација од Техеран: „Иран не смее да има нуклеарно оружје“
Американскиот претседател Доналд Трамп повика на итна евакуација од иранската престолнина Техеран, во објава на својата платформа Truth Social, пренесува Reuters.
Иран не смее да има нуклеарно оружје. Тоа го повторував многу пати! Сите треба веднаш да се евакуираат од Техеран.
напиша Трамп, во контекст на сè поинтензивните тензии на Блискиот Исток.
Тој уште еднаш истакна дека Иран требало да потпише нуклеарен договор со САД, што според него, ќе спречеше сегашната ескалација. Изјавата на Трамп доаѓа во време на зголемени безбедносни ризици по воздушните напади меѓу Израел и Иран, кои предизвикаа загриженост кај меѓународната заедница.