Македонија претпоследна по минимална плата во Европа
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е втора најсиромашна земја во Европа според висината на минималната плата, пред само Албанија. Истовремено, имаме и најнизок стандард на куповна моќ, под сите останати земји, вклучително и Литванија.
Ова е директен резултат на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, која постојано ги блокира предлозите на СДСМ за повисоки плати и социјална поддршка.
СДСМ предложи:
-
Зголемување на минималната плата
-
Поттикнување раст на платите во приватниот сектор
-
Намалување на цените на основните производи
Сите овие мерки беа одбиени од ВМРО-ДПМНЕ, која, наместо граѓаните, ги штити профитите на големите компании и троши буџетски средства на непродуктивни трошоци.
За потсетување: во време на СДСМ, минималната плата беше зголемена од 9.000 на над 20.000 денари, се воведе механизам за усогласување со животните трошоци и се имплементираа антикризни мерки во вредност од 2,6 милијарди евра – директна поддршка за граѓаните и економијата.
Денес гледаме стагнација, без мерки, без покачувања, без визија.
СДСМ ќе продолжи да се бори за:
-
Повисоки плати
-
Економски раст
-
Достоинствен живот за секој граѓанин
Македонија заслужува повеќе. Работниците заслужуваат повеќе.