Политичка кавга меѓу Мицкоски и Филипче: „Дупки од Дубаи“ наспроти „авторитаризам со папаја и манго“
Мицкоски обвини дека Филипче и неговите „пајташи“ оставиле зад себе дупки, недоследности и разурната држава, ограбена и осиромашена.
Кога зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи“, изјави Мицкоски, потсетувајќи на периодот кога Филипче бил дел од власта која, според него, била симбол на расипништво, криминал и „празни флоскули.
Одговорот на Филипче не доцнеше. Тој порача дека е добро што Мицкоски конечно сфатил дека народот има очи и памет да препознае лаги.
Најдоброто допрва доаѓа е навреда за интелигенцијата на граѓаните.
рече Филипче, критикувајќи ја власта дека по четири години локална и една година централна власт нема ниту еден конкретен резултат.
Филипче, исто така, обвини дека Мицкоски направил сѐ за да ги заштити своите луѓе кои, според него, се директно одговорни за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија.
Срамно е што токму тој зборува за правда, додека јаде папаја и се шета по скапи хотели.
додаде Филипче, обвинувајќи ја Владата за економска стагнација, инфлација и енормно зголемување на државниот долг.
Не остана без коментар ниту проектот „Бехтел и Енка“, за кој Филипче праша каде е ветената тужба, откако и самиот Трајко Славески најавил зголемување на трошоците на дури 2 милијарди евра.
Да се биде авторитарен не е патриотизам, туку врховизам.
порача Филипче, обвинувајќи го Мицкоски дека се обидува да воспостави диктатура и дека неговото владеење е најголемото предавство што може да го направи еден Македонец.
Пресметката ја заврши со локален пример: „ВМРО-ДПМНЕ е четири години власт во Битола. Нели му беше непријатно на Мицкоски да се вози по дупките до Хераклеја џунглата околу локалитетот која со години не е средена?“