Алонсо: Со три тренинга не се прават радикални промени

3

Новиот тренер на Реал (М), Чаби Алонсо изјави дека му треба време да ги имплементира своите идеи во Реал Мадрид.

„Знаев дека ќе биде потребно време. Има работи што треба да се променат. Треба да ги поправиме – ќе продолжиме да го правиме тоа. Потребно е време. Имавме девет дена за подготовка, а некои играчи имаа само три тренинзи. Не е толку едноставно, но ние сме на турнирот и сакаме да учиме. Она што сакаме да го направиме ќе потрае“, рече главниот тренер на Реал Мадрид.

Makedonski