Сончево и топло време со попладневна нестабилност

7

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови се очекува изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје времето ќе биде слично – сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од Скопската котлина има услови за краткотраен дожд и грмежи.

Makedonski