Израел нападна „клучни објекти“ поврзани со нуклеарната програма и ракетното вооружување на Иран

4

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека утрово (четврток) по локално време извеле воздушни напади врз „клучни објекти“ кои се поврзани со иранските програми за развој на нуклеарно оружје и балистички ракети.

„Овие објекти ја потхрануваат амбицијата на Иран за нуклеарно оружје и ги овозможуваат нападите врз израелските цивили,“ објави ИДФ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

Меѓу таргетираните локации, според ИДФ, се наоѓал објект за развој на нуклеарно оружје во близина на градот Натанц, нуклеарниот реактор во Арак, радарски системи и складишта за ракети, како и постројки за производство на балистички ракети и системи за воздушна одбрана.

„ИДФ ќе продолжи да дејствува за елиминација на заканите и за одбрана на Државата Израел“, се вели во официјалното соопштение.

Во исто време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку објава на социјалните мрежи изјави дека Израел ќе „ја наплати целосната цена“ од Иран, откако ирански ракети беа насочени кон цивилни цели во Израел, вклучувајќи ја и болницата Сорока и други населени центри.

„Ќе ја наплатиме целосната цена од тиранијата во Техеран“, напиша Нетанјаху на Х, осудувајќи ги, како што ги нарече, „терористичките тирани“ на Иран за нападите врз израелски цивили.

Makedonski