Украинската амбасада отвори Книга на жалост за жртвите на руското бомбардирање на Киeв

2

Во Амбасадата на Украина во Скопје е отворена Книга на жалост по повод загинувањето на десетици луѓе и над 100 повредени како последица на најсмртоносниот напад од страна на Руската Федерација во последните месеци.


На 17 јуни руските балистички ракети и дронови погодија станбени блокови во престолнината и неколку други градови.

Би-Би-Си извести дека украинските служби за спасување сè уште извлекуваат тела на жртвите од урнатините. Првобитно беше објавено дека бројот на загинати е 14, па потоа тој се искачи на 15, а ден потоа, најновиот податок е дека починале 28 луѓе.

Најголем број жртви се од деветспратната станбена зграда во квартот Соломјанскии во Киев, додека двајца од загинатите се од Одеса.

Нападот на Киев траел повеќе од девет часа, при што се погодени 27 локации низ градот. Голем дел од жителите ја минале ноќта во скривници, меѓу кои за најбезбедни ги сметаат тунелите на метрото односно подземната железница.


Би-Би-Си извести и дека Руската Федерација соопштила дека цели на бомбардирањето бил „воено-индустрискиот комплекс“ и дека „сите цели биле погодени“.

Makedonski