Дивац итно опериран, вграден му е вештачки колк
Легендарниот екс југословенски, и српски кошаркар, Владе Дивац вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа во Црна Гора возејќи мотор. Кај месноста Луштица, Дивац паднал од својот мотор, и не можел да стане, па морало веднаш да му се укаже лекарска помош.
Последните информации се дека тој е стабилно и дека посериозни здравствени проблеми не би требало да има.