Љубчо Георгиевски на регионална средба со комитетите на ВМРО-Народна од југоисточна Македонија
Во текот на вчерашниот ден лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски заедно со генералниот секретар, Љупчо Балкоски остварија регионална средба со раководствата на општинските комитети застапени на територијата на изборна единица 4.
На средбата било разговарано за претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври оваа година, процесот на европската интеграција како и актуелната внатрешно-политичка политичка состојба во државата.
Идеологоијата на ВМРО треба да се зачува затоа што ние сме носителите на историската одговорност и вредностите на историското ВМРО.
изјавил лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски во своето обраќање кон членовите на раководствата.
Овие регионални средби, како што велат од ВМРО-Народна партија се консултативни бидејќи последниот збор во конструкцијата на изборните предлози го даваат токму општинските комитети, нешто што во Македонија претставува несекојдневен пристап во процесот на носење одлуки.
Од ВМРО-Народна партија велат дека ваквиот пристап претставува одлика на демократијата и дека овој начин на одлучување го применуваат веќе неколку години.