МААЕ: Акутна опасност од зрачење и хемиски материи во постројката Натанц во Иран

3

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека во иранската нуклеарна постројка Натанц, која беше цел на израелски напади, постои акутна опасност од зрачење и хемиска контаминација.

Според директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, нивото на зрачење надвор од комплексот на зградите е во нормални граници, но внатре во постројката ситуацијата е сериозна, бидејќи станува збор за радиолошка и хемиска контаминација. Гроси предупреди дека постои можност изотопи на ураниум да се распрснати низ целото постројување.

Зрачењето главно се состои од алфа-честички, кои претставуваат значителна опасност доколку се вдишат или внесат преку храна. Овој ризик може ефикасно да се контролира со соодветни заштитни мерки.

изјави Гроси пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Тој додаде дека најголемата загриженост моментално претставува хемиската токсичност во самата постројка.

Makedonski