СДСМ ги објавува првите 19 кандидати за градоначалници-личности со кредибилитет

6

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници.

Дозволете да информирам за донесената одлука на Извршниот одбор да се даде согласност за кандидатура за градоначалници на неколку општини од страна на СДСМ. Имено, во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето.

Во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето и оваа согласност понатаму на крајна одлука ќе ја доставиме до Централниот одбор на партијата тогаш кога ќе комплетираме сите општини.

Општина Центар: Горан Герасимовски.

Општина Аеродром: д-р Александар Трајановски.

Општина Ѓорче Петров: Костадин Ацески.

Општина Чучер Сандево: Сашо Комненовиќ.

Општина Берово: Илија Рунтевски.

Општина Крива Паланка: Сашо Митовски.

Општина Лозово: Ацо Велковски.

Општина Чешиново-Облешево: Горанчо Крстев.

Општина Богданци: Блаже Шапов.

Општина Дојран: Ристо Џинев.

Општина Могила: Зоран Ристевски.

Општина Неготино: Петар Мантев.

Општина Новаци: Љубе Кузманоски.

Општина Росоман: Стојанче Николов.

Општина Вевчани: Стефан Радиноски.

Крушево: Томе Христовски.

Ресен: Александар Бузлевски.

Штип: Павел Иванов.

Општина Гази Баба: Влатко Митовски.

Makedonski