Најмногу дожд наврна во Охрид

8

 

Најмногу дожд, 16 литри на квадратен метар, во изминатите 24 часа наврна во Охрид, по што следат Попова Шапка со девет и Тетово со еден литар на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

 

Оттаму најавуваат дека денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени Целзиусови.

 

Во Скопје ќе биде претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени Целзиусови.

Makedonski