Сончево и малку посвежо време денес, покачување на температурата во наредните денови

2

Денешниот ден ќе го одбележи претежно сончево и малку посвежо време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе придонесе за освежување на воздухот низ целата земја.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 18 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 26 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Според најавите од метеоролозите, во следните денови не очекува период на стабилно и претежно сончево време, проследено со постепен пораст на дневните температури.

Makedonski