И во најтоплите летни денови Тетово повторно нема вода

12

Јавното комунално претпријатие „Шари“ од Тетово ги извести граѓаните дека поради настанат дефект на главната водоводна линија, улицата „Благоја Тоска“ ќе остане без вода сè до целосна санација на проблемот.

Според соопштението, екипите на претпријатието веќе се на терен и активно работат на отстранување на дефектот. Засега не е познато колку време ќе биде потребно за завршување на интервенцијата.

Од ЈКП „Шари“ апелираат до граѓаните за разбирање и трпение и ги повикуваат жителите на оваа улица навреме да се снабдат со потребни количини вода за секојдневна употреба додека трае прекинот во водоснабдувањето.

Претпријатието најави дека ќе ја информира јавноста веднаш штом водоснабдувањето биде нормализирано.

Иницијативата „Тетово сака парк“ пак реагира дека причините за „дефектот“ на водоводната мрежа за делот од централното градско подрачје е „дивоградба лоцирана на булеварот „Благоја Тоска“ и бара одговорност со реакција на надлежното обвинителство кое би требало да постапи „по допрен глас“.

Makedonski