Уапсен пијан возач без дозвола на патот Крушево–Прилеп

4

Неколку минути пред полноќ, полициски службеници уапсиле 33-годишен маж од Крушево кој управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето Р.К. било сопрено на регионалниот пат Крушево–Прилеп, на локацијата позната како „Врбоечко патче“, додека управувал патничко возило од марката „Опел“ со скопски регистарски ознаки.

При извршената контрола било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола, а алкотестот покажал присуство на 1,81 промили алкохол во крвта.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Makedonski