Трамп: „Бог да го благослови Израел, Иран и светот“ – заврши 12-дневната војна на Блискиот Исток
Претседателот на САД, Доналд Трамп, им честиташе на Израел и Иран за, како што рече, „истрајноста, храброста и интелигенцијата“ во завршувањето на она што тој го нарече „12-дневна војна“.
Под претпоставка дека сè функционира како што треба – а ќе функционира – сакам да им честитам на двете земји, Израел и Иран, за завршувањето на овој конфликт.
изјави Трамп.
Тој додаде дека ова била војна што можела да трае со години и да го уништи целиот Блиски Исток, но, како што рече, „благодарение на одлучноста и мудроста на двете страни“, била избегната голема катастрофа.
Ова беше војна што можеше да го разори целиот Блиски Исток, но не го направи тоа – и никогаш нема да го направи!
порача Трамп.
Во свој стил, тој заврши со молитвен благослов:
„Бог да го благослови Израел, Бог да го благослови Иран, Бог да го благослови Блискиот Исток, Бог да ги благослови САД и БОГ ДА ГО БЛАГОСЛОВИ СВЕТОТ!“