Сведоштво од преживеана во завчерашниот самоубиствен бомбашки напад врз православна црква во Дамаск

7
Христијанка од Сирија раскажува за ужасот во црквата Мар Елијас, каде што нејзиниот сопруг и неговиот брат ги дадоа своите животи обидувајќи се да спречат бомбаш самоубиец. Седум членови на нивното семејство беа убиени. Нејзините зборови се сурови, болни и полни со вистина.

 

„Ние сме луѓе кои секогаш живееле во мир и безбедност. Никогаш не сме повредиле никого. Ние сме христијани и горди сме на тоа. Мојот сопруг и неговиот брат беа маченички убиени. Тие се жртвуваа себеси за да нè спасат од тоа валкано куче кое се разнесе во црквата. Ја славевме Светата Евхаристија за мојата тетка, која почина во Либан. Луѓето беа внатре кога огненото оружје ги погоди прозорците на црквата Свети Илија однадвор. Се фрливме на земја, собирајќи се близу скалите до олтарот. Мојот сопруг, Герис Бешара, беше со нас. Исто така и неговиот брат, Бутос Бешара.
Таканаречениот почитуван терорист ги отвори вратите и влезе. Мојот сопруг и неговиот брат го видоа и се обидоа да го извадат од црквата за никој да не биде повреден. Терористот ја извади бомбата и ја отвори, но мојот сопруг му ја зграпчи од рацете. Го шутна и го турна на подот. Бомбата не експлодираше. Потоа братот на мојот сопруг го зграпчи за нозете и повторно го фрли долу. Терористот го симна појасот и тогаш се случи големата експлозија. Не можев ништо да слушнам.
Видов тела како летаат. Делови од тела летаат во воздух. Мојот сопруг и неговиот брат беа меѓу нив. Мојот сопруг падна пред црквата, горниот дел од телото му беше видлив. Можев да му ги видам црниот дроб и стомакот. Ги видов со свои очи. Што се однесува до неговиот брат, ја видов долната половина од неговото тело и дел од кошулата. Двајцата браќа беа еден до друг. Едниот од десно, другиот од лево. Тоа е она што го видов. Сите ни викаа да излеземе. Имаше толку многу луѓе. Друг терорист сакаше да се разнесе. Ги баравме децата, имаше мали деца. Ќерката на братот на мојот сопруг беше покриена со крв. Главата ѝ беше отечена. Таа повеќе не може да гледа. Сега е на операција.
Братот на мојот сопруг, Елиас, беше застрелан во ногата. Тој беше опериран. Бутрос и Герис се обидоа да спасат луѓе и беа маченички убиени во црквата. Неговиот пријател Абдула исто така беше маченички убиен. Исто така и д-р Наим Куса. Тој беше голем човек. Нивната сестра, Маријам Бечара, исто така беше убиена. Нивните братучеди, Сулејман и Набил Бечара, исто така беа маченици. Нашето страдање е неописливо. Седуммина од нашето семејство ги нема.“

 

Прво сведоштво после завчерашниот самоубиствен бомбашки напад врз православна црква во Дамаск, Сирија во кој загинаа најмалку 22, а беа повредени повеќе од 52 лица.

Makedonski