Ал Хилал тргна по Меси: Таткото на Меси денеска има средба со Арапите
Лионел Меси може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Претседателот на саудиски Ал-Хилал е во САД и планира да се сретне со Хорхе Меси, таткото и претставник на фудбалерот, објавија арапските медиуми.
Саудискиот клуб го гледа Лионел Меси како нов ѕвезден трансфер способен да го зајакне проектот и да го приближи тимот доевропските клубови.