Трет ден е активен пожарот над липковските села Лојане и Ваксинце
Трет ден активен е пожарот на непристапен терен над липковските села Лојане и Ваксинце, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
На пожарот во кој е зафатена сува трева и нискостеблеста шума екипите на „Национални Шуми“ интервенираат со моторни возила. Како што информираат од РЦУК, вработените од кумановската подружница успеале да го локализираат пожарот и да спречат да се прошири кон Лојане.
Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожар на запалена сува трева, жито и лозје во атарот на селата Клечовце-Дозвезнце. Сува трева горела и кај улицата „Инудстриска“ во Куманово, ја гаселе пожарникари од ТППЕ Куманово кои исто така интервенирале и во семеен дом во градот, каде била опожарена кујна.