ИЈЗ со итни препораки за заштита на повозрасните лица од екстремните горештини
Со оглед на екстремните температури кои денес достигнуваат до 41°C, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово излезе со итни јавно-здравствени препораки за лицата над 65 години, кои се сметаат за најранлива категорија во услови на топлотен бран.
Овие лица потешко се прилагодуваат на температурни промени, често имаат хронични болести и користат терапии кои го менуваат начинот на кој телото реагира на топлина.
појаснуваат од ИЈЗ.
Препораки за лицата над 65 години:
- Избегнување на изложеност на сонце од 11 до 17 часот
- Носење светла, лесна, памучна облека, капа и очила за сонце
- Пиење вода почесто од вообичаено, дури и без чувство на жед
- Избегнување на алкохол, кофеин и екстремно ладни пијалаци
- Избегнување на готвење со шпорет и рерна во топлите часови
- Редовно земање на терапијата, особено кај хронично болните
- Контакт со матичен лекар при било какви симптоми
ИЈЗ потсетува дека посебно внимателни треба да бидат оние со болести на срцето, белите дробови и нервниот систем, а воедно апелира до семејствата, соседите и пријателите да им помогнат на повозрасните со информации и грижа.
„Секој ден еден телефонски повик или кратка посета може да спаси живот“, порачаа од ИЈЗ.