Намалување на цената на дизелот – бензинот останува ист
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 2,50 денари по литар.
Исто така, цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,4 денари.
Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат непроменети.
Нови малопродажни цени (од вечерва):
-
ЕУРОСУПЕР БС-95: 77,5 ден/л
-
ЕУРОСУПЕР БС-98: 79,5 ден/л
-
ЕУРОДИЗЕЛ: 70,5 ден/л
-
Масло за горење (ЕЛ-1): 72 ден/л
Одлуката стапува на сила од полноќ.