Продолжува судењето на Димитриевски за злоупотреба на службена положба

8

Во Основниот суд Куманово денеска продолжи судскиот процес против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинението е поднесено по пријава на градежни компании кои не добиле дозволи за градба на згради. На денешното рочиште, одбраната достави документи од Секторот за урбанизам. Судот не прифати нови сведоци и вештаци предложени од одбраната.
Следното рочиште е резервирано за завршни зборови.

Димитриевски се изјасни за невин и изјави дека постапувал во јавен интерес, бидејќи планираната градба, според него, штети на детскиот диспанзер и гимназијата.

Компаниите „УПМ-ГРУП“ и „ХРОМАК Емил“ тврдат дека Димитриевски ја суспендирал ДУП-от незаконски и бараат над 3,3 милиони денари обештетување.

Makedonski