Еврокомесарката Марта Кос во Скопје — фокус економскиот раст на Западен Балкан

6

Еврокомесарката Марта Кос в понеделник и вторник ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со лидерите на шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски.

Средбата ќе биде фокусирана на забрзување на спроведувањето на Планот на ЕУ за раст во регионот.

Европската комисија ќе предложи инвестициски пакет од 87,7 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), со цел да се привлечат околу 500 милиони евра приватни инвестиции во чиста енергија.

Планот за раст, промовиран во октомври 2023, предвидува 6 милијарди евра за финансирање реформи и инвестиции во енергетика, транспорт и дигитална трансформација, поддржувајќи ја интеграцијата на регионот во ЕУ.

Makedonski