НАЈНОВО: Силно невреме во Гостивар и Тетово, за среќа само материјална штета

69

Во моментов беснее невреме во Гостивар и Тетово.

Во Тетовското градско подрачје веќе се јавуваат оштетувања од типот на паднати дрвја и поплавени улици, а и на дел од автопатот Скопје – Тетово има паднато дрво кое го попречува нормалниот проток на возила.

Во главниот град врне силен дожд пропратен со ветер и чести грмежи. Засега во Скопје нема пријави за штети.

Makedonski