Обвинение за тероризам поврзано со концерт на Тејлор Свифт во Виена
Германските власти подигнаа обвинение против млад сиријски државјанин, идентификуван како Мохамед А, поради поврзаност со терористичка организација и во врска со планираниот напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена во август минатата година, пишува Би-би-си.
Според германското обвинителство, Мохамед А, кој се смета за малолетник и не е во притвор, од април 2024 година му помогнал на друг осомничен да го подготви нападот.
„Мохамед А најдоцна од април 2024 година ја прифатил идеологијата на терористичката организација. Меѓу средината на јули и август 2024 година, тој бил во контакт со млад возрасен од Австрија кој планирал бомбашки напад на концерт на пејачката Тејлор Свифт во Виена,“ се вели во соопштението на обвинителството.
Трите концертите на Свифт во „Ернст Хапел“ стадионот беа откажани во последен момент (8–10 август). Таа подоцна се извини на фановите, велејќи дека чувствувала „огромна вина“.
Главниот осомничен во случајот е Беран А, 20-годишен жител на Терниц, јужно од Виена. Тој бил уапсен пред концертите благодарение на дојава од ЦИА, која укажала дека напаѓачите имале намера да убијат голем број присутни.
Истражителите тврдат дека Беран А претходно планирал и напад во Дубаи во март 2024 година, како дел од координиран заговор за три истовремени напади, но во последен момент се повлекол.
Обвинителството во Германија наведува дека Мохамед А му помогнал на главниот осомничен со превод на упатства за изработка на експлозивни.
Случајот останува под истрага, а властите предупредуваат на зголемена закана од радикализација на млади преку онлајн платформи и меѓународни терористички мрежи.