Батум не се договори со ЛА Клиперс, оди на пазарот на слободни агенти
Николас Батум (36, 203 см) не ја искористи опцијата од 4,9 милиони долари од неговиот тековен договор со ЛА Клиперс и ќе влезе на пазарот на слободни агенти.
Претстојната сезона ќе биде 18-та за Батум во НБА , а тој веќе изјави дека ова „најверојатно“ ќе биде неговата последна година во лигата.