Сончево и ветровито денес: Северен ветер до 60 км/ч, температурите до 36 степени

3

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува претежно сончево и топло време, проследено со умерен до засилен северен ветер кој локално може да достигне брзина до 60 километри на час.

Според прогнозата, утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 27 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува 19, а максималната 35 степени.

Метеоролозите најавуваат дека од понеделник следува период на стабилно и уште потопло време, со тенденција на постепен пораст на дневните температури, што укажува на продолжување на летниот топлотен бран.

Граѓаните се повикуваат на внимателност при подолг престој на отворено и да се придржуваат до препораките за заштита од топлото време, особено во најтоплиот дел од денот.

Makedonski