Се бара оставка од Покетино на местото селектор на САД!
Лоша вест за селекторот на САД, Маурицио Покетино. Имено фановите на оваа селекција бараат негова оставка од местото селектор на САД и се тоа поради фактот дека тој, како предводник на селекцијaта под договор, преговарал со еден клуб од Премиерлигата.
Многу бура се дигнала и во Фудбалскиот сојуз на САД кога се дознало дека Покетино имал разговори со раководството на Брентфорд за преземање на тој тим откако Томас Франк си заминал во таборот на Тотенхем.
Ова навистина е невообичаено од еден селектор, но ете, Покетино го прекршил тоа непишано правило.
Инаку нема информација за тоа како после ова реагирал Аргентинецот.