Арсовска: ОЈО Скопје отвори постапка за дивоградби во Чаир – се чека и ОЈО за гонење на организиран криминал

5

Основното јавно обвинителство Скопје почнало постапка по пријава за дивоградби поднесена од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за, како што тврди, „организирана криминална банда во општина Чаир“. Арсовска ја објави информацијата на својот Фејсбук-профил, наведувајќи дека очекува наскоро да постапи и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Во ОЈО Скопје веќе е отворена постапка по првата пријава за дивоградби. Таму се водат и уште две претходни постапки против Висар Ганиу, една за фалсификување на архивска книга со барања за легализации и втора за уште еден случај со незаконска легализација.

напиша Арсовска.

Според објавените информации, Обвинителството ќе направи проверка на документацијата во Општина Чаир, вклучително и споредба со податоци од други институции, со цел утврдување на фактичката состојба околу предметите од пријавата.

Градоначалничката најави и нов бран на пријави:

Од понеделник следете нe со нови 20 случаи на криминал.

објави таа, потсетувајќи дека минатата недела до ОЈО ГОКК доставила докази за 20 незаконски легализации.

Според тврдењата на Арсовска, во Чаир се овозможувало нелегално градење со средства од „црни пари“, а становите биле запишувани на лица кои наводно „граделе на 5,6,10 и 11 години, а сега се милионери“.

Од Општина Чаир засега нема официјален одговор на обвинувањата, ниту коментар за отворањето на постапките.

Makedonski