Д-р Стојковски: Има застој во дистрибуцијата на онколошкиот лек „Paclitaxel“

3

Лекот „Paclitaxel“ е навреме нарачан од Клиниката за онкологија, но има застој во дистрибуцијата и најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на клиниката. За paclitaxel има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е docatexel-от, информира за Мета проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиниката за онкологија, по информациите во јавноста дека недостасува терапија за онколошките пациенти.

Како што се наведува, тендерите биле навреме спроведени, па се очекува лековите да пристигнат во првата недела од јули.

„Во меѓувреме уверувам дека за сите терапии има квалитетна замена и континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден. Исто така, лекот Еrlotinib, се заменува кај пациентите со Gefitinib кој има идентична ефикасност. Тендерите се навреме спроведени, очекуваме овие лекови да пристигнат во првата недела од јули. Во меѓувреме уверувам дека за сите терапии има квалитетна замена и континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден“, вели Стојковски.

Како што додава, годинава е двојно зголемен условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови.

Makedonski