Активни пожари на неколку локации во Македонија, објавија од ЦУК
Од ЦУК известуваат за состојбата со пожарите на отворен простор до 13:00 часот.
РЦУК – Скопје, известува дека пожарот на дивата депонија во Визбегово е изгаснат. Исто така БППЗ на Град Скопје имала и една интервенција поради запалена сува трева на ул.Малешевска во нас.Драчево (Општина Кисела Вода).
Од 112 добиена е пријава за пожар на сува трева во близина на авто плац ЕНЗО на булевар Босна и Херцеговина. Известени се БППЗ на Град Скопје.
Од 112 добиена е пријава за пожар во Долно Лисиче, м.в.Чаталот (Општина Аеродром). Известени се БППЗ на Град Скопје
РЦУК – Битола, известува дека пожарот кој што започна во 16:23 часот на ден 28.06.2025 година во атарот на с.Бешиште, во близина на границата со Република Грција е активен.