Пожар ноќеска проголта автобуси кај излезот од Кочани
Ноќеска избувнал голем пожар на плац на излезот од Кочани, во близина на бензинската пумпа „Авто Петрол“ кај Оризари, при што, според информациите на Гласно.мк, изгореле неколку автобуси.
Засега нема официјални информации за причината за избувнување на огнената стихија, ниту за точниот број на уништени возила и висината на материјалната штета. Надлежните институции се очекува да извршат увид и да излезат со повеќе детали во текот на денот.
Очевидци пренесуваат дека пламените јазици биле видливи од поголема оддалеченост, а пожарникарските екипи интервенирале повеќе од еден час за да го локализираат пожарот и да спречат негово ширење, имајќи предвид близината на бензинската пумпа.
Како шпекулација се пројавува информација дека плацот припаѓа на еден од родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ од Кочани.